Мојот совет до „Зелен Хуман Град“ и “Шанса за Центар” е веднаш да постават шатори на паркингот спроти Холидеј Ин, па да видиме дали народ ќе се приклучи и дали ќе газат луѓе со багери – коментира аналитичарот Ивор Мицковски во својот фејсбук статус.

Тој смета дека на тој начин ќе се види дали имаме граѓанство кое во нешто верува

Така ем политички ќе се факторизираат, ем ќе видиме дали има уште граѓанство кое во нешто верува.
Ова со соопштенија, па контра-народ од партиите не води никаде – пишува Мицковски.

Неговиот статус доаѓа по денешното соопштение на „Зелен хуман град“ дека се револтирани од комплетната нефункционалност односно од комплетното отсуство на институции во Македонија кои доведуваат до навидум безизлезни ситуации како онаа што ја имаме со просторот спроти „Холидеј ин“.

Очигледен и оправдан е очајот кај новомаалци кои урбанистичката мафија со децении ги држела во безизлез и крајно нехумани услови, за сега да им се претставува како спасител. Сценариото „создај проблем за да продадеш решение“ е веќе многупати видено во Македонија кога се цели јавното да се приватизира за да профитира мала група моќници. Простата замена на едни нехумани услови со други не е решение. Од друга страна, очигледен е отпорот кај скопјани, а во најголем дел жители на Центар, против узурпирањето и дехуманизирањето на последната „слободна“ парцела на тој дел од градот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.