Да се употребува зборот банкрот за проектот бесплатен јавен превоз, прво е незнаење, а второ отвора теми за дискусија, реагираат од тимот на кандидатот за градоначалник Данела Арсовска, по тврдењата дека градот ќе банкротира од проектот бесплатен јавен превоз, предложен од неа.
Дали ЈСП е свесно ставан во долгови наместо да се направи профитабилно претпријатие?
Кој го контролира и како го контролира јавното претпријатие?
Зошто не е направен подобар систем на функционирање на јавниот превоз?
Зошто се чекаше 4 години да се реши едноставен проблем?
Кој водел сметка за финансиската страна на работата на ЈСП?
За две години потрошено е 300 милиони денари кеш, повеќе од што е заработено? На што е потрошено?
Во 2020 година купен е инвентар во вредност од 500 милиони денари. Внимавајте, не автобуси, инвентар што значи – алат, мебел?
Каде оделе парите на граѓаните и во што?
Ова се јавни резултати објавени од финансиските извештаи на ЈСП.
Наместо да зборуваме за банкрот, да зборуваме за тоа како е управувано ЈСП и со која намера. Очигледно не е работено според интерес на граѓаните туку водено е според други интереси.
Кога ќе ставите се на еден куп од ЈСП, претпријатието се става во долгови на сметка на некомпетентност и несериозност при неговото водење. Да имаше некој интерес да го среди ова, досега ќе беше среден проблем. Не може проект како што е јавниот бесплатен превоз, што е вообичаен секаде во Европа за нас да биде неизводлив, посебно не кога станува збор за интерес на граѓаните, се вели во реакцијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.