Скопјанка си го бара кучето, Уна, изгубено во близина на словенечката амбасада.
Таа сведочи за непријатна случка од доцна синоќа, непосредно пред почеток на полицискиот час.

Вики и Уна се жртви на пијаниот возач од фотографијата десно.

Во 23.00 часот, бев физички нападната од непознато лице кое со два удари по глава со тупаница, и удар во гради со нога, ја загрози мојата и безбедноста на моите пријатели, а истовремено го исплаши мојот пес Уна, која во тој момент побегна и од тогаш не можам да ја најдам. Првенствено, со неколкукратен обид да не’ заплаши со своето возило, непознатиот сторител (видно алкохолизиран!) вербално се закануваше за позицијата на песот и каде се движел, а кој беше воден на поводник и по тротоар.
ВЕ МОЛАМ(!), доколку здогледате КАФЕАВО КУТРЕ, со мал-среден раст, мешанче со лабрадор/германски поентер (птичар), кое се движи изгубено и се’ уште со црвен поводник, побарајте ме на 070 744 770. Песот побегна на улица Дебарца, во близина на Словенечка Амбасада.
Можно е да се движи по Орце Николов и околните улици.
Има чип, и може да се провери сопственоста на мое име.
Ве молам помогнете ми, на било каков корисен начин да ја најдам Уна.
Споделете!

Вечерва, непосредно пред почеток на полицискиот час, 23.00 часот, бев физички нападната од непознато лице кое со два…

Posted by Viki Mladenova on Friday, 7 May 2021



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.