Д-р Антони Новотни, Христа Најданов и Катерина Ѓорѓиевска се кандидатите за градоначалници за општините Центар, Карпош и за Зелениково предложени од движењето „Одлучно за промени“, информираат од ДОМ и од ЛДП.
Професор д-р Антони Новотни кандидат за Центар е редовен професор по психијатрија на Медицински факултет, Универзитет „Свети Кирил и Методиј“, со долгогодишно работно искуство на Универзитетската клиника за психијатрија во Скопје. Претседател е на Македонското психијатриско здружение. Автор е на преку 50 научни трудови презентирани на национално и на меѓународно ниво.
Христа Најданов, кандидат за Карпош е магистер по комуникации за културни политики со долгогодишно искуство во адвокатурата во областа на човековите права. Потпретседател на Зелената партија ДОМ. Тој е љубител на природата и заштитник на животната средина И актуелен член на Советот на Град Скопје.
Катерина Ѓорѓиевска е м-р по економски науки, инженер по шумарство. Таа е овластен сметководител и е успешна жена претприемач која води сопствен бизнис, информира коалицијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.