ВМРО-ДПМНЕ во општина Бутел на овие локани избори има добар тандем. Тоа е Дарко Костовски за градоначалник и докторот Игор Николов како носител на советничката листа.
Николов е доктор на Клиниката за нефрологија за кого пациентите имаат само пофални зборови а во неговата добрина се уверија и жителите на Бутел низ многубројните средби со жителите и посети на нивните домови.
Николов и Костовски се уверени дека можат општина Бутел да ја направат подобро место за живеење и оти се водени од девизата „мисли глобално, делувај локално“.
Целта е да имаме едно подобро општество, подобра средина и подобра држава за живеење.“, вели Николов.
За Николов само пофални зборови имаат и жителите на Бутел и негови соседи, без разлика на националноста.
Сабедин кој во Бутел живее 20 години вели дека ќе гласа за лисата на ВМРО-ДПМНЕ поради Николов.
Верувам во него затоа што е човек и затоа што тоа го има покажано многу пати до сега. Такви луѓе се ретки, на такви луѓе треба да им се даде шанса, и треба да ги има се повеќе во политиката, ако ги нема ќе биде уште полошо бидејќи сите почнавме да дигаме раце од се, политиката воопшто не не интересира“, вели Сабедин.
Со сличен став е и Светлана, кој од раѓањето живее во Бутел.
Николов е нов лик, мислам на локално ниво, затоа е многу позитивно изненадување и ќе гласам за листата на ВМРО-ДПМНЕ токму поради него. Комишијата-лекар секогаш помагал на сите, настапувал искрено, сега очекувам тоа штп го правел за нас да го прави за општината.
На крајот од кампањата, Николов заклучува дека нашол време и за пациентите и за изборите активности.
Најдов време да одам на работа, да дежурам, да бидам на Клиниката за нефрологија поради пациентите, соработката со колегите. Но, секое попладне го посветував на моите пријатели, комшии, другари. Незаинтересираноста за општественото живеење, разочараноста што ја видов кај нив ми е само дополнителен поттик за ангажманот на локално ниво. Јас ќе бидам само еден од многуте советници во Советот на општина Бутел, но им ветувам на жителите дека ќе се борам за нивните интереси секојдневно. Колку ќе постигнам да реализирам ќе покаже времето“, заклучува Николов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.