Центарот за управување и контрола на сообраќајот на Град Скопје ги известува сите учесници во сообраќајот дека во овие утрински часови сообраќајот на сите булевари, улици и крстосници се одвива со намален интензитет по чисти, но водени коловози, па оттука ЦУКС апелира до сите возачи и учесници во сообраќајот да бидат претпазливи и внимателни и да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот, особено затоа што во текот на денот се очекуваат нови врнежи од снег.

Известувањето за состојбата во сообраќајот важи за 8:15 часот на ден 10.01.2019 година (четврток).

(фото: Град Скопје)

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов до доцна во ноќта ја надледувал работата на екипите на Зимската служба на град Скопје, информира прес-службата на град Скопје.

Шилегов бил во Центарот за управување со кризи на Скопје – ЦУКС и на монитори внимателно ја следел состојбата на терен.

Градските сообраќајници се чисти и проодни, а активностите на зимската служба продолжуват и во текот на ноќта – информираат од Град Скопје.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.