Од ЈП Водовод и канализација информираат дека нивните екипи повторно биле на терен за одзатнување на шахти на ул. Индира Ганди во Шуто Оризари

Во текот на денешниот ден, екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, повторно беа на терен за одзатнување на шахти на ул. Индира Ганди во Шуто Оризари. Причината за затнување на системот за отпадни води е отпад во вид на црева, кожи, чкембиња и сл. АПЕЛИРАМЕ за совесно и одговорно користење на канализацискиот систем и потсетуваме дека тој не е место за одлагање на отпадот, соопштија од претпријатието.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.