Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за општина Карпош, Оливер Зафировски испрати пораки за Светскиот ден на срцето. Тој порача дека треба да се грижиме за нашето здравје.

Денеска на 29 септември, се одбележува Светскиот ден на срцето. Срцевото здравје е „срцето“ на целокупното здравје. Грижата за сопственото срце значи водење на здрав начин на живот и одржување на здравјето; тоа подразбира здрава исхрана, соодветна физичка активност, избегнување на никотин и откажување од цигари, но и со редовни прегледи.
Тоа не се само работи кои не прават поздрави, туку исто така прават да се чувствуваме добро и способни да уживаме целосно во животот. Чувајте го срцето, напиша на Фејсбук Зафировски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.