Несовесен граѓанин на Драчево се фрлал отпад на локацијата каде што е почната изградбата на нов парк во населбата.
Како што информира градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓоргиевски, изречена е опомена за несовесниот граѓанин, кој добил рок да си го исчисти отпадот и прописно да го складира, а во спротивност ќе биде казнет.
Нема толеранција за загадување на животната средина!
Кисела Вода мора да биде чиста, зелена и безбедна општина, а секој кој ќе се обиде тоа да го наруши ќе биде соодветно санкциониран.
Еден наш несовесен сограѓанин се обиде да истури отпад на местото каде што се гради новиот парк во Драчево.
Лично се упатив на лице место, а граѓанинот доби опомена и рок од 24 часа да го исчисти исфрленото, во спротивно ќе добие соодветна пријава и казна.
Нулта-толеранција за загадување на животната средина! – објави Ѓоргиевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.