Членовите на таеквондо клубот „Хулк Таеквондо Академија“, кои освоија 14 медали на меѓународниот натпревар „Куп на Ниш“ во Србија имаа прием кај градоначалникот на Илинден, Александар Ѓоргиевски.

Денеска се сретнав со членовите на таеквондо клубот „Хулк Таеквондо Академија“, кои учествуваа на меѓународниот натпревар „Куп на Ниш“, во Србија.

 

На натреварот истите постигнаа голем успех, пришто се закитија со 14 медали, од кои 6 златни, 7 сребрени и еден бронзен.

 

На средбата им го честитав успешниот настап и постигнатите одлични резултати.

 

Општина Илинден и јас како градоначалник секогаш ќе ги поддржуваме нашите спортски херои – порача градоначалникот Ѓоргиевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.