Не го загрозувајте дополнително здравјето на жителите на Гази Баба, порачува Бобан Стефковски од ВМРО-ДПМНЕ Гази Баба.
Неговиот статус погледнете го во продолжение:
Сите граѓани очекуваат поактивно справување со состојбата предизвикана од вирусот Covid 19 ( корона вирус) кој секојдневно коси по неколку човечки животи, вклучувајќи активности и процеси за дезинфицирање на влезовите во станбените објекти и поставување на дезинфициенси за раце, поставување на пунктови на френкфентните места за лична дезинфекција на граѓаните, помош за граѓаните во заштитни средства ( маски, ракавици , средства за дезинфекција..) и уште многу друго, но од надлежните имаме само задоцнети и паушални ПР активности.
Но и покрај тоа што јавната чистота во Општина Гази Баба е на ужасно ниво ( тука мора малку да бидеме и сите самокритични за сопствените постапки ), дополнително сметот од градот Скопје се одлага односно складира во депонијата кај Вардариште иако таа треба да е затворена. Неколкупати сме реагирале и сме поставувале прашање :
Дали се што им пречи на жителите од другите Општини, Борче Георгиевски безусловно ќе го прифаќа и носи во Гази Баба ?
Одговор секако не добивме.
Затоа ги повикувам градоначалниците на Гази Баба и град Скопје со своите несовесни постапки да не предизвикуваат дополнителни штетни последици по здравјето на жителите на Општина Гази Баба и сметот да го одлагаат на соодветни места.
Потребен е поодговорен и посериозен пристап во справувањето со состојбите со корона вирусот. Здравјето на граѓаните треба и мора да е над ‘се !!!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.