Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа во Скопје се регистрирани 55 пациенти позитивни на Ковид-19, додека 22 се оздравени.

Со тоа, вкупната бројка на заразени од почетокот на епидемијата во главниот град се искачи на 5.556, од кои активни се 949

Активни случаи по општини Скопје е следната: 

• Чаир – 133

• Аеродром – 118

• Гази Баба – 121

• Карпош – 91

• Кисела Вода – 89

• Центар – 88

• Бутел – 71

• Ѓорче Петров – 66

• Шуто Оризари – 47

• Студеничани – 30

• Сарај – 26

• Арачиново – 19

• Илинден – 12

• Сопиште – 11

• Чучер Сандево – 7

• Петровец – 7

• Зелениково – 6

• Странец – 4

• Нераспределен – 3

Од министерството информираат дека по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.