Поради најавен протест денеска од 15 часот до завршувањето, во централното подрачје на град Скопје, ќе биде воспоставен посебен сообраќаен режим, информираат од СВР Скопје.
Затворени за сообраќај од 15:00 часот до завршување на протестот, ќе бидат улиците: ул. „Кирил и Методиј”, бул.„Св.Климент Охридски”, ул.„Димитрие Чуповски”, ул.„11-ти Октомври”, ул.„Македонија” и ул.„Даме Груев”, а сообраќајот ќе биде пренасочен по бул.„Кочо Рацин”, бул.„Митрополит Теодосиј Гологанов”, бул.„Партизански Одреди”, ул.„Павел Шатев”, ул.„Антон Попов” и други околни сообраќајници, наведуваат од МВР.
Од СВР Скопје апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.
Протестот е најавен и треба да почне во 17:00 часот пред зградата на ЕУ на бул.„Климент Охридски” и ќе продолжи по бул.„Св.Климент Охридски”, ул.„Димитрие Чуповски” до пред Собранието.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.