Ако сакаат да ги возат возилата на денот на посетата на Папата Франциско во Скопје, граѓаните кои живеат во централното градско подрачје, ќе мора да ги извадат од потегот на „Голем ринг“, бидејќи тој ден на овој простор ќе биде забранет сообраќајот.
Владиниот портпарол Миле Бошњаковски вели дека за време на посетата на папата од 6 часот наутро до 19 часот попладне во овој појас ќе биде забранет сообраќајот и пренасочен на булеварите „Кочо Рацин“, „11 Октомври“, „Св. Кирил и Методиј“, „Св. Климент Охридски“, „Партизански одреди“ и на улицата „Самоилова“.
Движењето за пешаците не е забрането во овој појас, односно тие ќе може слободно да се движат без оглед дали одат на миса или не. Со себе треба да имаат лична карта заради идентификација и да го планираат времето половина час порано да тргнат таму каде што се упатиле, дали на работа или пак на некое друго место. Апелираме уште еднаш сите граѓани да користат автобуски превоз на ЈСП, кој тој ден ќе биде бесплатен“, рече Бошњаковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.