Цената на водата во Скопје е непроменета, сметката за вода за жителите на град Скопје е зголемена поради одржување на јавното градско зеленило, велат од Град Скопје за „Република“.
Цената на водата во Скопје е непроменета, а и сметките се со иста висина. Станува збор за одлука која е донесена во октомври 2012 година (Одлука за утврдување на процентот од цената на услугата за снабдување со вода за пиење и одведување на урбани отпадни води за вршење на комунална дејност – одржување на јавното градско зеленило (паркови)) од страна на советот на Град Скопје. Со оваа одлука, Градот Скопје утврдува процент во висина од 19.5% од наплатена цена на услугата за снабдување со вода за пиење и одведување на урбани отпадни води, пресметани по формираната цена од м3, за вршење на комунална дејност – одржување на јавно градско зеленило, велат од Град Скопје за „Република“.
Тие објаснуваат зошто сега е видливо тоа на сметката за вода и ѓубретарина.
Причината поради која што истата сега е видлива е поради тоа што минатиот месец Градот Скопје доби решение од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Македонија за прикажување на сите ставки во сметките. Оваа давачка е воведена во 2012 година и истата претходно се прикажувал со интерен договор на претпријатијата „Водовод и канализација“ и „Паркови и зеленило“, а сега само имаме издвојување и прикажување на оваа ставка. За потсетување, со законските измени од 2016 година, цената на водата не се утврдува од страна на претпријатијата и советите на општините, туку од страна на нова тело, додаваат од Град Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.