Општина Илинден врши реконструкција на улицата на 532, којашто ги поврзува населени места Илинден, Марино и Кадино.

Реконструкцијата е во должина од 2000 метри, а ќе чини вкупно 30 милиони денари од буџетот на општината.

Инвестирањето во модерна патна инфраструктура придонесува на подобрување на сообраќајната конекција, како и зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

 

Бев во увид во градежните активности на реконструкцијата на улица 532, која е една од најважните улици која е главна сообраќајна конекција меѓу населени места Илинден, Марино и Кадино. Реконструкцијата е во должина од 2000 метри, каде се врши комплетна реконструкција на коловозот, изградба на пешачка патека со широчина од 1,5 метри, за што од општинскиот буџет се инвестираат 30 милиони денари.

 

Поради одвивањето на градежните работи во наредниот период ќе се воспоставува посебен сообраќаен режим и истото ќе доведе до одредени потешкотии во движењето на дел од нашата општина. Поради тоа, ги замолувам граѓаните за разбирање додека траат градежните работи и апелирам на дневна основа да ги следат информациите за воведување привремен режим на сообраќај што ги објавува Општина Илинден – објави градоначалникот на Илинден, Александар Георгиевски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.