Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес изврши увид во состојбата на двете детски игралишта, чија реконструкција е во завршна фаза.
Првото е лоцирано на улицата “Димо Хаџи Димов”. Поставени се сосема нови реквизити за детска игра, клацкалки, лулашки просторот е ограден, а поставени се и нови клупи за одмор за повозрасните. Дополнително, непосредно до детското игралиште, поставени се и фитнес справи, со што љубителите на спортот добиваат свој простор за вежбање на отворено. Целокупниот лик на ова место, каде постоеше старо и уништено детско игралиште е променет. Наскоро овој простор за рекреација ќе биде целосно завршен и ставен во употреба.
Градоначалникот Ѓорѓиевски изврши увид и во реконструкцијата на детското игралиште во урбаната заедница 11 Октомври Бараки, во близина на булеварот “Борис Трајковски”. И овде, веќе е видно изменет ликот на она што беше руиниран простор за детска игра. Новите реквизити се поставени, а со претставниците од комуналниот сектор од Општината, градоначалникот дискутираше околу можностите за дополнителни содржини кои би го збогатиле ова детско катче и би ја подобриле естетиката на просторот.
При крај е целосната реконструкција на овие две детски игралишта во урбаните заедници Кисела Вода и во 11 Октомври Бараки. Поставивме модерни и безбедни реквизити за детска игра, а паралелно го санираме и просторот околу игралиштата со цел да им обезбедиме и на нивните родители удобно и пристојно место за релаксација додека нивните дечиња уживаат во играта. Едновремено, вршиме скрининг во состојбата на сите детски игралишта во општината, со цел да интервенираме онаму каде што има потреба, а онаму каде што постои можност и да изградиме нови детски катчиња-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.