Една невообичаена слика утрово во Аеродром, и покрај облачното време прскалките на наводновуање на тревата се уште работат.

Утрово на социјалните мрежи беше објавено видео со коментар: Тревата не смее да трпи, а дождот нема да ги одврати од желбата за зелен град. Да беа порано избориве, може и во јули ќе пуштеа прскалки.

Цело лето тревата беше сува и ненаводнета, сега во сред есен на дожд прскалките не престануваат да работат. Недомаќински и неодговорно од актуелниот градоначалник, коментираат граѓаните на социјалните мрежи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.