Кандидатот за градоначалник на Аеродром Александар Филиповски Цанде смета дека спомнувањето на неговото транзициско семејство на овие локални избори е само затоа што опозициската партија нема понуда за општината за која се кандидара тој.
„Втор ден по ред Александар Николоски од уста не ме вади. Кога ВМРО-ДПМНЕ нема понуда, нема кандидат кој поминува на терен, ќе треба да измислуваат лаги за мојата фамилија и моето работно искуство. Јас сум горд на 14 годишното работно искуство во приватниот сектор. Признавам. Политиката не ми е сѐ во животот. Научен сум да работам, да управувам компанија со 120 вработени луѓе, каде што сите се еднакво вреднувани. Да, коосновач сум и на Sherpa Horse Riding – пример за успешен бизнис, кој ја зголемува туристичката понуда на Галичник и Македонија. И од ова треба да се срамам? Спремен сум ова знаење и искуство да го применам и во локалната самоуправа. А, аеродромци најдобро знаат колку го сакам Аеродром.
П.С. Јас нема да навлегувам ниту во фамилијата на Николоски ниту на Муцунски. Сите имаме фамилии, деца и мора да задржиме елементарно ниво на култура. Граѓаните тоа го ценат.“, пишува Цанде на Фејсбук.
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски денеска во интервју рече дека нормално е кандидатите на СДСМ да претставуваат урбани ликови модерно облечени на скапи велосипеди, кога нивните семејства се збогатиле во транзицијата. Тој ги посочи Филиповски, Темелковски, Герасимовски и Смилевски за деца на транзициските олигарси.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.