Александар Матовски или уште познат како Цако, лице со Даунов сидром од денеска е дел од тимот на Град Скопје.

Нашиот нов колега е лице со Даунов синдром, со високо образование, амбициозен и подготвен за предизвици, подготвен да покаже и докаже дека лицата со каква било попреченост можат подеднакво да учествуваат во општествените процеси, да се грижат за заедницата, велат од Град Скопје.

Цако ќе биде ангажиран во одделението за социјална, детска и здравствена заштита бидејќи неговите афинитети се насочени токму во областа а неговите познавања за целните групи очекуваме да помогнат во унапредување на социјалните услуги за граѓаните.

Цако денеска се заблагодари на укажаната прилика и рече дека ќе придонесува со своето искуство од областа на социјалните работи стекнато во повеќе европски земји. Тој особено се заблагодари на својата сестра Марија и на своето семејство од кои ја добива најголемата поддршка.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.