Фејсбук страната „Го сакам Бутел“ преку статус на Фејсбук му дадоа ултиматум на градоначалникот на општината Велимир Смилевски да започне да ја гради ветената поликлиника инаку тие ќе бидат приморени да излезат на протест.

Почитувани граѓани на Општина Бутел ❗️
Денеска до нашата ФБ страна “Го сакам Бутел” пристигна соопштение со иницијатива на загрижени граѓани која цениме дека треба да ја споделиме со сите вас и секако на истата да дадеме целосна подршка бидејки се работи за општо добро на сите жители од нашата општина Бутел.
Во прилог ја објавуваме иницијативата:
Почитувани администратори(раководители)на ФБ страната Го сакам Бутел, во името на иницијативниот одбор “За добро на општина Бутел” кој во моментов брои стотина членови, вам како најчитана локална ФБ страна ве замолуваме да ги објавите нашето соопштение и барањата кои се за општото добро на граѓаните на општина Бутел.
Почитуван градоначалник на општина Бутел Велимир Смилевски,
Иницијативниот одбор “За добро на општина Бутел” изразува големо загрижување по однос на многу горливи прашања за нашата општина, но овој пат ја потенцираме нашата потреба од ПОЛИКЛИНИКА, со што наведуваме дека неколку пати истата беше ветена лично од вас како пред избори така и веднаш после изборите. Кажавте дека тоа ќе ви биде приоритетен проект на почетокот на вашиот мандат.
Нова поликлиника во општина Бутел беше и дел од вашата предизборна програма и тоа со финален рок на изградба до 2020 година(секако наведеното ќе биде доставено во прилог на овој текст како доказ)
Почитуван градоначалник со жал можеме да заклучиме дека вие сурово не излажавте !
Општина Бутел е единствената градска
општина на територија на градот Скопје што нема своја поликлиника, општината брои над 50.000 жители што доволно говори каков голем проблем е ова, во 21 век да немаме каде да ги извршуваме основните здравствени потреби, особено во овој период на светска здравствена пандемија.
Моментално единствено функционира старата и руинирана амбуланта која едвај се држи да не се распадне, катастрофа која никако не приличи на ова модерно време на живеење.
Почитуван градоначалник,
Како граѓани на општина Бутел и луѓе од чии пари функционира вашата општинска администрација, бараме под итно во рок од три дена да излезете јавно со соопштение дека ветената поликлиника во Бутел ќе почне веднаш да се гради, во спротивно иницијативниот одбор со сите свои сили ќе организира масовни протести на територија на општината, ќе ги повикаме сите жители на Општина Бутел на протест, со блокади и слични дејства преку кои ќе го изнесеме нашиот револт како граѓани на општина Бутел и луѓе кои редовно ги плаќаат даноците на оваа држава.
Почитувани граѓани на Општина Бутел,
Оваа иницијатива не сакаме да биде минирана со мисла дека е барем најмалку партиски или политички мотивирана, во оваа прилика наведуваме дека сме крајно разочарани и од претходниот градоначалник Петре Латиновски кој исто така не најде начин да го реши овој горлив проблем.
Ве известуваме дека за оваа нашата иницијатива ќе ги запознаме сите медиуми на територија на градот Скопје и секако во оваа прилика бараме максимална подршка од сите граѓани на Општина Бутел, ве замолуваме ова наше соопштение да го споделиме што е можно повеќе се со цел заеднички да се избориме конечно во Бутел да добиеме нова поликлиника, која што на неколку пати беше ветувана.
Ви благодариме на вниманието, се надеваме дека нашето барање ќе биде исполнето, доколку не, се гледаме на барикадите, стои во нивниот пост на Фејсбук.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.