Булеварите и улиците низ скопските населби Бутел и Ченто останаа под вода по краткотрајниот пороен дожд кој попладнево го зафати Скопје.

„Забавно“ им беше и на жителите на Шуто Оризари, каде исто така се поплавија улиците.

Од Град Скопје велат дека краткотрајното невреме предизвика мали штети:

– Прекин на електричната енергија во Центар и Аеродром.
– Прекин на телекомуникациската мрежа во неколку скопски населби.
– Десетина паднати дрвја и неколку оштетени автомобили.
– Пожар избувна спроти Расадник во Кисела Вода, предизвикан од невремето кој набрзо беше изгасен.

Според одговорните од Град Скопје, проодни сите подвозници и дека екипи на работат на поединечни локации. ЈП Паркови и зеленило работи на расчистување на дрвјата, а ЈП Водовод на отстранување проблеми со атмосферската канализација.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.