И бугарските медиуми се заинтересираа за обвинувањата од страна на СДСМ дека кандидатката за градоначалник на Град Скопје, Данела Арсовска, има бугарско државјанство и фамата што партијата ја крена околу оваа лажна вест.

Како што пишува репортер на бугарскиот портал „24 часа“, самиот проверил на сајтот за лични документи на бугарското МВР, каде не постои лична карта со наведениот број, ниту пак лице родено на тој датум со валидна бугарска лична карта.

Претходно и самата Арсовска ги демантираше овие тврдења и најави тужби.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.