За време на празникот Успение на Пресвета Богородица, службата за итна медицинска помош ќе работи со девет медицински екипи на подрачјето на град Скопје, а во кругот на црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ ќе има и дежурно амбулантно возило со комплетна медицинска екипа, во периодот од 7 до 16 часот.
Во услови кога Итната медицинска помош регистрира од 80 до 100 интервенции дневно, а зголемување е забележано кај бројот на транспорти, кои изнесуваат и до 30 во тек на денот, од оваа служба апелираат на строго придржување до превентивните мерки како единствен начин да се стави крај на патот на ширење на вирусот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.