Во моментов три скопски општини имаат над 300 активни случаи на заразени со коронавирус.
Најмногу заразени има во Центар – 316, Аеродром – 311, Карпош – 301.
Зад нив се Кисела Вода – 208, Гази Баба – 168 и Ѓорче Петров – 149 и Чаир – 92. Во Бутел корона вирус имаат 67 лица, Илинден – 31, Шуто Оризари – 15, Студеничани – тројца, Сарај – 16, Арачиново – четворица, , Сопиште – девет, Чучер Сандево – шест, Петровец – седум, Зелениково – три.
Регистрирани се 14 странци, а нераспределени се 23 лица.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 20.937, бројката на оздравени пациенти е 16.194, на починати е 792, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.951.
Министерството за здравство соопшти дека во последните 24 часа се регистрирани 383 нови случаи на Ковид-19, седум болни починале, а оздравени се 95 пациенти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.