На 14 септември во Младинскиот културен центар (МКЦ) во салата Фросина, „Skopje Comedy Club“ во соработка со „A Comic Soul“ за прв пат ќе и го претстави на македонската публика Расел Кејн – еден од најенергичните британски стенд-ап комичари.
Расел Кејн е стенд-ап комичар, добитник на повеќе награди меѓу кои и Единбуршката награда за комедија, актер, автор, сценарист и водител. Овој сестран и мултиталентиран комичар со распродадени настапи низ целиот свет за „The Times“ е еден од најбрзите, најстимулирачките стенд-ап комичари, „The Guardian“ велат дека е на врвот на својата игра, „The Telegraph“ го викаат уникатен, а за „The Independent“ е возбудлив комичар.
Билетите се достапни на билетарницата во МКЦ и онлајн преку www.bileti.mkc.mk.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.