Загадувањето во последните неколку дена во Скопје повторно е алармантно и животозагрозувачко. Многу невладини организации испратија апели вечерва да не се палат традиционалните бадникарски огнови и да не се допридонесува кон загадувањето.
Како тоа се прави на дело, најдобро се покажаа центарци. Вечерва наместо вистински оган, пред фонтаната во Градски парк се прикажува проекција на која гори оган.
Ова не ги спречи граѓаните да го одбележат Коледе. Напротив. И вечерва тука се пие греана ракија, се јаде посна сарма и гравче.
Фотографиите ни ги испрати наш верен читател:
Браво!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.