Штотуку Душко Весковски призна дека започнал и завршил со реконструкција на водоводна мрежа на улица „Варшавска“, па потоа спровел јавна набавка, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Аман Дуле не го брани Шилегов, штотуку призна кривично дело, му порачуваат тие, потенцирајќи дека директорот на Водовод и канализација Скопје, Весковски призна кривично дело според член 353 од Кривичен законик.
Во самиот демант на Весковски, велат од ВМРО-ДПМНЕ, се гледа и докажува дека аукцијата и јавната набавка е направена на 01 октомври 2020, а реконструкцијата на улицата Варшавска е започната на 14 јули и завршува на 20 август 2020.
За целата криминална постапка од над 18 милиони денари на Весковски и Шилегов дополнителни цврсти докази и детали ќе следат во текот на утрешниот ден во која се потврдува дека фирмата КБК Инжинеринг градела пред набавката, велат од партијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.