Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, го назначи Борис Настов за нов в.д. директор на ЈП „Улици и патишта“ Скопје, откако претходно од директорската позиција беше разрешен Горан Симоновски.

Настов е дипломиран машински инженер со долгогодишно работно искуство на раководни позиции во„ Гранит“ АД Скопје, „БАУЕР БГ“ Скопје, ЈП „Комунална хигиена“ Скопје, како и во Министерството за финансии.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.