Ова масовно присуство вечерва во Гази Баба, најавува дека следува уште една голема победа на чело со вашиот сегашен, а ќе биде и иден градоначалник, наш добар другар и соработник, чесен и искрен човек, Борче Георгиевски. Борче не руши. Борче создава и тоа е докажано на дело низ целата општина. Тука сум вечерва да ви ветам дека Борче ја има целата моја поддршка, ја има поддршката од централно ниво да го направи најдоброто за цела Гази Баба, а мојот збор е збор. Борче зад тебе сме, затоа продолжи храбро, боречки за Гази Баба. Драги мои сограѓани од Гази Баба, вие победата во Гази Баба ја заслужувате најповеќе од било кој граѓанин на било која општина во Македонија. Затоа што овде за овие четири години се сработи три пати повеќе отколку за последните години на ВМРО-ДПМНЕ. Затоа продолжете напред, продолжете со најдоброто, продолжете да победувате, истакна претседателот на СДСМ, Зоран Заев пред граѓаните на граѓанската трибина во Автокоманда.
Во минатото, со ВМРО ДПМНЕ, Гази Баба беше заборавена и отсечена општина, оставена во 19 век, посочи Заев.
„Борче Георгиевски, Владата, СДСМ, со поддршка од Петре Шилегов и од централно ниво, забрзано ја придвиживме општината од 19-ти кон 21-от век. Бидејќи не е нормално да поставуваш лавови, бикови, шмизли… Ова се времиња на ведри луѓе, затоа ние инвестираме во дрвја и паркови, енергетски фасади, булевари, автентична урбана култура, во европски општини. Тие блокираат секаде, и на локално и на централно ниво, но нивните блокади ќе ги блокира народот на 17 октомври“, истакна претседателот на СДСМ Зоран Заев на изборниот караван „Најдоброто за мојата општина“, во Гази Баба.
„Најавувам, со поддршка на Градот и на Владата, изградба на нова училишна зграда за ООУ „Крсте Мисирков“ во Ченто, нови градинки во Ќерамидница, Трубарево, Инџиково и Синѓелиќ, реконструкција и повторно отворање на Домот на културата во Ченто и Колонија, конечно решавање на депонијата „Вардариште“ и нејзино претворање во модерен парк, продолжување со изградбата на вакуум-канализацијата во Јурумлери. И уште многу капитални проекти, важни за секој граѓанин на Гази Баба“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.