Авионот „Боинг 737-752“ кој требаше да слета во Скопје околу 21 часот леташе на линијата Истанбул – Скопје, по повеќе од еден час кружење над Скопје не успеја да слета на скопскиот аеродром поради силен ветер.

Како што може да се види на веб страната на Скопскиот аеродром, авионот е пренасочен на аеродромот во Пришина, а уште едно летало на Визер кое доаѓа од Малта, наместо во Скопје ќе слета во Охрид.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.