Општина Карпош почна реконструкција на плочникот во Порта Влае.

Градоначалникот, Стефан Богоев, во објава на Фејсбук соопшти дека ќе бидат отстранети старите и оштетени плочки и на нивно место ќе бидат поставени нови, гранитни плочки, а предвиден е и нов систем за хидроизолација, со цел да се спречи протекување во гаражните делови.

Ваквата објава на Богоев, предизвика вистинска лавина на негативни коментари на граѓани на општината. Тие револтирани од тоа што Општината не направила ништо за нив и нивните месни заедници, јавно го прозваа Богоев и у ги посочија проблемите со кои секојдневно се соочуваат и за кои добиле ветување дека ќе бидат решени, но не е направено ништо.

Негативни реакции има од граѓани од речиси сите делови на општината, како што се ТЦ Антико, Лептокарија, Бардовци, Нерези …



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.