Богоев да постапи по закон и да ја сруши зградата дивоградба на Шилегов, велат ВМРО-ДПМНЕ во повикот до градоначалникот на Карпош Стефан Богоев, во чија општина се наоѓа градбата на скопскиот градоначалник, за која од партијата велат е дивоградба.

Зградата на Шилегов во Карпош е дивоградба. Цели два ката од зградата се вон ДУП.

Општина Карпош е единствена надлежна институција која издава дозволи за градба, доградба или реновирање, но и спроведува рушење кога станува збор за дивоградба.

Во делот каде се наоѓа зградата дивоградба на Шилегов во сила е ДУП кој дозволува градба во висина од 7.5 метри, односно приземје, кат и поткровје. Шилегов кренал уште два ката над тоа.

Општина Карпош и градоначалникот во заминување, Стефан Богоев треба да постапат според закон и да ја срушат дивоградбата. Во спротива се е прикривање на Шилегов, велат од ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.