Градоначалникот Богдановиќ, за сечата на дрвја на улицата Орце Николов, како сега тие дрва сметаат, а во 2019 година не сметале, градоначалникот Богдановиќ рече дека најавиле дека нема да фали ниту едно дрво, на местото кое било претходно.

На терен се луѓе и се засадуваат нови. На „Орце Николов“ има 171 дрво, при работа е утврдено дека 13 дрва се опасност за граѓаните и безбедноста. Подобро е да се отстранат, на истите места ке бидат засадени нови. После кога ке отстраните ќе видите дека тие дрва немале корени, шупливи дрва и подобро било да бидат отстранети. Не се отстранува дрва за да никне објект, туку да не настрада некој. Од 13 решенија, отстранети се осум, а на нивно место ќе бидат засадени нови, рече Богдановиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.