Саша Богдановиќ, градоначалникот на скопската општина Центар во статус на фејбсук објавува дека во општинското основно училиште „Киро Глигоров“ во населбата Капиштец, нема да дозволат да има средно образование.
Приватното средно училиште „Арс студио“ бара да го изнајми новото основното училиште „Киро Глигоров“ во населбата Капиштец во скопската Општина Центар. На 24 ноември лани до училиштето е поднесено барање, по што директорката ги запознала членовите на училишниот одбор. Минатиот месец, за идејата средношколци од приватно училиште да учат заедно со основци во новото училиште биле известени и родителите кои остро реагирале и побарале иницијативата веднаш да се отфрли.
Во однос на шпекулациите за започнување со работа на приватно средно училиште во ООУ Киро Глигоров, Ве информирам дека ставот на Општина Центар е дека таму не смее да има мешање на децата од основно и средно образование. Изградивме ново, модерно и современо основно училиште, градено по сите стандарди, кое треба да претставува пример во земјата, а не пречка. Средно образование во ООУ Киро Глигоров нема да дозволиме!, пишува Богдановиќ на фејсбук.
📣 Во однос на шпекулациите за започнување со работа на приватно средно училиште во ООУ Киро Глигоров, Ве информирам дека…
Posted by Саша Богдановиќ on Thursday, 11 February 2021
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.