Граѓаните на скопската општина Центар кои живеат на „Ленинова“ се бесни на се уште актуелниот градоначалник Саша Богдановиќ. Тие барале средба со него, со цел да се реши проблемот со паркирањето, а наместо средба со граѓани, добиле партиска маалска средба.
Во име на жителите на „Ленинова“, кои поднесоа барање за регулирање на паркирањето, а и покрај позитивната одлука на Советот на Општината, се изиграни од ПОЦ, побаравме директна маалска средба со Вас, директорот на ПОЦ и одговорните кои од тротарите направија кафани, стоваришта за алкохолни и безалкохолни пијалоци. Јасно би беше кажано дека не бараме од оние маалски средби со кои терате камапања. Вие ветивте, но наместо средба со граѓани, организиривте партиска маалска средба. Тоа не го прифаќаме! Ако си стоите на зборот, закажете јавна расправа на која ќе објасните како ќе го решите проблемот!, реагираат жителите на „Ленинова“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.