Петти ден молк од обвинителството за случајот на Саша Богдановиќ. Саша Богдановиќ не само што ја злоупотребил дозволата за движење, туку свесно ги прекршил и законите.
Јасно стои во записникот од Пазарната инспекција дека Богдановиќ се чекирал во хотелот точно на полноќ, а снимката која ја виде цела јавност како Богдановиќ седи во кафеана со уште две лица како го служат келнер е направена претходно односно 3 часа пред Богдановиќ да се чекира во хотелот за престој, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Богдановиќ ја лаже и манипулира јавноста. Богдановиќ за можен спас од кривична и прекршочна одговорност, ги злоупотребува и ги става институциите во сопствена одбрана. Богдановиќ свесно ја користи позицијата, а за тоа аминуван е од неговиот шеф Зоран Заев. Со ова станува се појасно дела законите во државата не важат подеднакво за сите. Додека власта ги затвора угостителските објекти, а граѓаните се затворени дома, додека оние го прекршиле полицискиот час плаќаат по 2.000 евра казна, Саша Богдановиќ седи во кафеана со уште две лица и не одговара за кршење на законите. Во друга нормална држава за вакво однесување се поднесуваат оставки, само кај нас се бараат оправдувања. Саша Богдановиќ мора да одговори, истакнуваат од опозицијата.
Граѓаните на општина Центар не заслужуваат да имаат градоначалник како Саша Богдановиќ, без морална и етичка одговорност, додаваат од таму.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.