Во збирката лажни ветувања наречена „За живот“, Саша Богдановиќ на центарци им вети дека ќе изгради револуционерен патент за прочистување на воздухот „The Smog Free Tower“, потсети Антоанета Трајковска од ВМРО-ДПМНЕ.
Овој патент според Богдановиќ имал за цел да исчисти 30.000 m/3 (метри кубни) и прочистување на воздухот од 75% за конечно жителите на Центар да почнат да дишат чист и поквалитетен воздух. Помина повеќе од половина мандат на Богдановиќ, а ваква кула нема. Уште еден доказ дека СДСМ пред избори ветува, буквално кули и градови, а после нема никаква реализација. Богдановиќ мора да одговори пред центарци до каде е изградбата на 7 метарската кула, каде ќе биде нејзината локација и кога ќе биде таа ставена во функција?, прашува Трајковска.
Таа додаде дека очигледно лесно било овој проект Богдановиќ да го препише од интернет, ама за жал тешко му е да го реализира се уште.
Центар и понатаму е една од најзагадените општини во Македонија, но и во Европа. Со право центарци очекуваат Богдановиќ да го направи тоа што го ветил. Инаку јавноста треба да знае дека вакви кули се инсталирани во Ротердам, Пекинг, Краков и на други места и значајно е да се каже дека тие кули одлично ја завршуваат својата работа, рече денеска Трајковска.
Очекуваме Богдановиќ да си ги исполни ветувањата кои им ги даде на граѓаните на Центар и конечно да почне да ги реализира проектите за кои што беше избран.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.