Градоначалниците на СДСМ си ги повлекуваат предизборните залажувања на граѓаните откако изгубија на изборите. Едно огледало или едно детско монтажно игралиште не се доволни да се освои довербата изневерувана 4 години.

Оваа фотографија од пред и потоа е направена на улицата „Јутиј Гагарин“ во Карпош, кај Министерството за економија.

Сега веќе поранешниот градоначалник на општината Стефан Богоев го постави ова огледало непосредно пред изборите, но понеделничкото утро осамна без огледало. И не, не е украдено како што не е украдено и монтажното игралиште во Кисела Вода што веќе го нема.

Можеби ќе ги видиме во некоја од сините општини. Оние малкуте.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.