Mинистерството за транспорт и врски сè уште нема добиено елаборат за суспензија на спорниот ДУП од Општина Центар во кој се предвидуваат висококатници на парцелата спроти хотелот „Холидеј ин“ и не може да постапува, порача денеска министерот Благој Бочварски.

Во момент кога ќе добиеме елаборат за суспензија го процесираме, нашите служби ќе постапат веднаш и ќе го вратиме во Општина Центар, така што и градоначалникот потврди дека елаборат не е доставен, тој доставил прашалник како да се изработи елаборатот. Елаборатот го изработуваат стручните служби на Општина Центар, Комисијата за урбанизам, и го доставува до Министерството за транспорт и врски, изјави Бочварски.

Тој потенцираше дека Законот за урбанистичко планирање е јасен односно деталните урбанистички планови се сопственост на општините.

Кога ќе добиеме во рок од 15 дена ќе се изјасниме во однос на суспензија на тој план. Тоа е наше мислење коешто се враќа во Советот на матичната општина и потоа гласат советниците. Додека не добиеме барање за суспензија или елаборат за суспензија, ние немаме предмет по кој ќе постапуваме, рече Бочварски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.