Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, посети деца од Детско село, при што им подари новогодишни пакетчиња.

Попладнево бев во новогодишна посета на СОС Детско село.

 

Имав чест да бидам гостин во едно од семејствата, сместени во рамки на Детското село. На дечињата им доделив новогодишни пакетчиња, по што им ја честитав новата година, им посакав добро здравје, среќа и успех на секое поле од нивното делување.

 

СОС Детското село во мене како градоначалник на општина Гази Баба ќе има пријател и сојузник – порачува градоначалникот Стефковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.