Бобан Стефковски од ВМРО-ДПМНЕ убедливо победи вчера, на првиот круг од локалните избори и со тоа стана градоначалник на општина Гази Баба.
Тој освои двојно повеќе гласови од својот противкандидат, досегашниот градоначалник Борис Георгиевски од СДСМ.
Според досега објавените резултати од ДИК, на нас 90% обработени избирачки места, Стефковски добил поддршка од 60,09% од гласачите. Во број на гласови, тоа во моментов изнесува 16.598.
Зад него, со далеку помал процент на гласови е кандидатот на СДСМ кој освоил само 29,76% од гласовите на жителите на Гази Баба.
Катерина Јовановска Ивановска од ТМРО освоила 1,89% од гласовите, а Ѓорги Тодоров од ИНТЕГРА 1,86%.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.