Без вода утре ќе останат корисниците од „Холидеј Ин“ до плоштад Македонија, како и од улица „Никола Кљусев“, Скопско и дел од улицата „Орце Николов“.
Како што соопшти јавното претпријатие „Водовод и канализација” утре поради промена на вентил на улица „Кеј 13-ти Ноември” (пред кафана Ања) во населбата Центар, прекин на водоснабдување ќе имаат корисниците од „Холидеј“ Ин до Плоштад од 8 часот до завршување.
Поради уличен дефект од ф 2″ на улица „Орце Николов“ (пред Охридска банка) во населбата Центар без вода ќе бидат корисниците од улицата Никола Кљусев, Скопско и дел од улицата Орце Николов од 8 часот до завршување на дефектот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.