На вечерашната трибина, потпретседателот Фатмир Битиќи, зборуваше за еднаквиот развој во Скопје, но за економските политики што Владата предводена од СДСМ ги презеде во овие четири години, а кои резултираа со економски раст, нови работни места и повисок економски стандард за сите граѓани.
„Добро знаете дека СДСМ е носител и промотор на концептот едно општество за сите.
Тој концепт не значи само еднакви права и обврски за сите граѓани, значи и еднакво вложување во секоја општина, секое населено место.Скопје со години живееше со стигмата „од оваа и онаа страна Вардар“, не се развиваше рамномерни како што доликува на главен град и метропола. Во овие четири години тоа е драстично променето, во Скопје се инвестира во секоја општина, во секоја населба што е важно за идниот развој на градот.
Младите добиваат нова можност и перспектива за животот. Не смееме да заборавиме за кого се ова го правиме. Во овие четири години успеавме да ја поставиме економијата на здрави основи и придонесовме во Буџетот да имаме пари за капитални проекти, но да има повеќе пари и за нашите граѓани. Активно помагавме и за време на коронакризата, успеавме да спасиме 100.000 работни места, да им помогнеме на десетици илјади компании и тоа го правевме чесно и одговорно и сега кога веќе кризата е зад нас сме во позиција да имаме жива динамична економија и да проектираме повисоки стапки на економски раст.“ посочи Битиќи.
Потпретседателот Битиќи се осврна и на претстојните локални избори и кадровската и програмска понуда на СДСМ.
„Како потпретседател на СДСМ и вицепремиер во Владата, чувствувам гордост што со ваков тим можам да придонесам за развојот на нашето заедничко Скопје и на нашата заедничка татковина. СДСМ има тим, има луѓе кои веруваат во едно општество
И на овие избори ќе ја имаме најдобрата понуда за секој град за секоја општина, за секој еден граѓанин, понуда на квалитетни личности и на реални остварливи програми, програми за сите наши граѓани. А токму на ваквите трибини, на средбите со вас граѓаните ќе ги бараме и ќе ги најдеме решенијата за вашите потреби и проблеми. Тоа е рецептот за успех во овие изминати четири години, тоа ќе биде рецептот и за наредните четири.
СДСМ останува со граѓаните, СДСМ продолжува да обединува, СДСМ продолжува да работи посветено за секое населено место. СДСМ го дава и ќе го даде најдоброто за секоја општина, за секој град, за секое село.“ заклучи Битиќи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.