Од понеделник, 10 јуни возилата од јавниот превоз ќе сообраќаат по летен возен ред. Поради завршувањето на учебната година 2018/2019, бесплатните билети за учениците нема да важат за време на летниот распуст, соопшти ЈСП Скопје.
Бесплатните билети на учениците од основните училишта ќе важат до 10 јуни, а на средношколците до 20 јуни.
ЈСП Скопје нуди можност основците/средношколците (не важи за средношколците кои сега завршуваат четврта година) по повластени цени да купат месечен билет за јули и август по цена од 600 денари, за еден месец.
За купување т.н. сезонски билет за ученици, неопходно е лицето да приложи потврда дека е ученик и да достави книшка на увид.
Бесплатните студентски билети ќе важат и за време на летото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.