ЈСП Скопје ќе обезбеди два двокатни автобуси за организираниот пречек на ракометарите на Вардар на меѓународниот аеродром Скопје, соопштија од ЈСП Скопје.
Ги информираме заинтересираните граѓани кои немаат превоз, а сакаат да ги пречекаат шампионите на скопскиот аеродром, дека поаѓањето кон аеродромот е планирано во 17 часот од пред Југодрво. Превозот е бесплатен. Планирано е, доколку дозволат временските услови, ракометарите од аеродром до Плоштад да се возат со панорамски автобус, соопштија од ЈСП Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.