По повод претстојните новогодишни празници, во вторник, 31 декември, отворените паркиралишта со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар ќе работат до 15:00 часот, затворените паркиралишта и катната гаража до 18:00 часот, а шалтерите за издавање на договори во Дирекцијата на претпријатието ќе работат до 16:00 часот, соопштуваат од претпријатието.
Сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП ПОЦ на 1 јануари, во среда, ќе бидат бесплатни за сите граѓани на Македонија.
Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во Дирекцијата на ЈП ПОЦ ќе продолжи на 2 јануари, четврток, со вообичаено работно време.
За време на Божиќните празници на 6 и 7 јануари, понеделник и вторник, сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар ќе бидат бесплатни за граѓаните.
Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во Дирекцијата на ЈП ПОЦ ќе продолжи на 8 јануари, среда, со вообичаено работно време.
Тимот на ЈП Паркинзи на Општина Центар на сите граѓани им посакува убави новогодишни и божиќни празници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.