Кандидатот за градоналник на Скопје на ДОМ и ЛДП Бени Шаќири нема да го даде својот глас во вториот круг за Петре Шилегов. Тој остро му се спротивстави на Петре Шилегов којшто велеше со сигурност дека во вториот круг Шаќири ќе го поддржи Шилегов.

Знам за кого нема да го дадам мојот глас, нема да го дадам за Петре Шилегов затоа што како градоначалник и управител на овој град тотално потфрли и ме разочара, рече Шаќири.

Пејачот Бени Шеќири е кандидат за градоначалник на Град Скопје на партиите ДОМ и ЛДП. Двете партии кои заеднички ќе настапат на локалните избори ќе имаат и советничка листа за Советот на Град Скопје, која ќе ја предводи докторот Никола Пановски.

Во досегашната кампања, Шаќири кажа дека бил разочаран како главниот град е раководен изминативе 4 години и затоа решил да биде противкандидат на актуелниот градоначалник Петре Шилегов.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.