„Општината малку селективно постапуваше“, му порача советничката во општинското Собрание Јана Белчева на градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21.

Таа вели дека кога можело да се покаже моќ и да се застане на вистинската страна, да се бранат само граѓаните од кои живее, се калкулирало дали може сепак со тој планер да се дојде до некакво решение.

„Планот, ние видовме, дека не може да се дојде до решение. Првото писмо со кое Комисијата му се обраќа со сериозни барања за корекција на планот е во јануари 2020 година. Јас ги имам писмата до петти месец 2020 година, тој план веќе е 3 пати враќан заради непостапување. Вашата моќ пред една година била доволно силна да го стопирате планот. По мене мислам дека ние ја изгубивме битката за мораториумот и заради неселективноста, но и заради нетранспарентноста“, порача Белчева.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.