Ако треба ќе престанеме да дишеме, ама да си градите, коментира актерката Весна Бејби Петрушевска по информацијата дека Општина Кисела Вода во Расадник планира да гради 100 нови згради.

Јас предлагам во Кисела Вода (многу убава и зелена општина, таму живеам де) да си градите и ич да не ви чуе! Колку паркови имаме, па дрвја…Просто се удирам од дрвја кога шетам кучиња…Па тоа едни раскошни зелени површини чиниш Швајцарија…За паркинг да не отварам уста (јас се паркирам и на копно и на вода)…И така сите ќе умреме, барем да си градите.

 

ДУП МУП сè по список да си терате од Кисела Вода Изворска да направите. Сега не се дишело, туф голема работа. Ако треба ќе престанеме да дишеме, ама да си градите, порача Бејби преку социјалните мрежи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.